Поранешниот топ-модел и водителка Тајра Бенкс, ја прекина пензијата за да се слика за насловната страница на магазинот „Спортс илустрејтед“. 45-годишната Тајра позира во жолто бикини, во бројот посветен на костими за капење. Таа е прва црнкинка што се појавила на насловната страница на ова списание по 1997 година. Освен насловната со Тајра, изданието има уште две насловни: со спортистката Алекс Морган и манекенката Камил Костек.
Тајра беше една од најпопуларните манекенки кон крајот на 1990те години. Таа се сликаше за насловните страници на најпознатите светски списанија, беше дел од ангелите на „Викторијас сикрет“, а потоа стана главен уредник и домаќин на реалното шоу „Следниот топ модел на Америка“. Таа има и свое ток-шоу „Шоуто на Тајра Бенкс“. Пред три години се пензионираше, па тогаш рече дека веќе никогаш нема да работи како модел.
Текстот (Фото) Тајра Бенкс се врати од пензија за да се расоблече за насловна е превземен од Reporter.mk.