Пејачот на британската група „Продиџи“, Кит Флинт не се самоубил, туку починал од предозирање, пишува во резултатите од обдукцијата. Патологот Каролина Бејсли-Мари за „Тајмс“ рекла дека не постојат доволно докази за тоа дека Флинт се самоубил. Резултатите од обдукцијата и токсиколошкиот наод покажале дека пред смртта пејачот консумирал кокаин, алкохол и кодеин.
„Не можеме да потврдиме дека се самоубил. Што ако само правел глупости, па се тргнало наопаку? Никогаш нема да бидеме сигурни за што размислувал Кит тој ден, особено што не оставил проштално писмо, па поради тоа во истрагата за неговата смрт ќе прогласам отворен заклучок. Ова всушност значи дека смртта е сомнителна и дека не може да се потврди причината“, рекла таа.
Кит Флинт почина на 4 март. Безживотното тело беше пронајдено во неговиот дом, а првиот заклучок беше дека пејачот се самоубил заради депресија.
Текстот Патолозите открија дека пејачот на „Продиџи“ не се самоубил е превземен од Reporter.mk.