Рита Ора е една од најголемите ѕвезди во Велика Британија, а за светскиот успех на оваа пејачка и актерка, како што вели таа, најзаслужни се нејзините родители Бесник и Вера.
„Рита им е вечно благодарна бидејќи и дале шанса за подобар живот. Побегнале од Косово за време на политичките немири, а сега нивната ќерка, кога е на врвот на славата, сака да им се оддолжи на најдобар можен начин“, рекол извор близок до семејството.
Популарната пејачка на родителите им купила луксузна вила во Приштина за која, како што пренесува Дејли мејл, издвоила околу 1,5 милиони фунти.
Со фотографија од прекрасната вила на Инстаграм се пофалила мајката на Рита.
„Домот е таму каде што е срцето. Иако живееме во Лондон, на сопругот, мене и на децата неизмерно ни е важно да го посетиме нашиот роден град Приштина“, напишала Вера на Инстаграм.
Текстот (Фото) Рита Ора купи на вила во Приштина, за да ги израдува родителите е превземен од Reporter.mk.