Постигнат е новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата – тешка е над 300 килограми, а ја правеа околу 30 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, средношколците од угостителската струка од СОУ „Коле Нехтенин“ и вработените во ресторанот „Канал 77“ – Штип.
Универзитетскиот професор Нако Ташков рече дека Штип надалеку е прочуен по пастрмајлијата, а сега и по новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата, за која биле искористени на 100 кг домати, исто толку краставици, 50 килограми сирење, пиперки, кромид и масло за јадење.
За да биде се регуларно подготовката на салатата ја контролираше тричлено жири, составено од врвни готвачи-професионалци и претставник од Агенцијата за промоција на туризмот. Нивна задача беше да ја проценат тежината, но и квалитетот.
Текстот Штипјани направија шопска за Гинис е превземен од Reporter.mk.