Почина сценаристот на Спајдермен

Алвин Саргент, двократниот оскаровец кој го напишал сценариото за трилогијата за Спајдермен, почина на 92 годишна возраст во неговиот дом во Сиетл.

Наградата Оскар за најдобро адаптирано сценарио, Алвин ја освои двапати, за филмот за стравичниот холокаус, Јулиа“ од 1977 година, втемелен на личните списи на Лилиан Хелман и за филмот „Обични луѓе“ од 1980 година, за американското семејство кое се соочува со бројни тешкотии.

Во 1974 година, Алвин бил номиниран за Оскар за филмот „Месечина од хартија“. Публиката помалку ќе го памети по подоцнежната работа на акциските филмови за Спајдермен. Саргент во 2004 година, го напишал сценариото за филмот „Спајдермен 3“, а во 2007 година за „Спајдермен 3“.

Во 2012 година Алвин напишал нова трилогија од делото на Сем Рами во режија на Марк Веб. Спајдемен е американски филм од 2002 година, прв во трилогијата и режија на Реми, а се темели на истоимениот јунак од стриповите на „Марвел“.

Саргент кариерата ја започнал пишувајќи сценарија за телевизиите, а на големиот екран се појавил во 1966 година за трилерот „Необична кражба“ со Мајкл Кејн во главната улога.

 

Текстот Почина сценаристот на Спајдермен е превземен од Reporter.mk.