Џеф Безос ќе носи туристи на прошетка во Вселената (ВИДЕО)

Ракетната компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin) на Џеф Безос, сопственик на „Амазон“ и најбогат човек на светот, ќе учествува следната година на патување во вселената.

Цената ќе биде меѓу 200 000 и 300 000 долари, а патниците ќе ги пренесува со ракетата „Њу шепард“. Всушност, првото патување се очекува со нетрпение за да се процени дали има интерес за патување во вселената и дали има заинтересирани клиенти кои би можеле да си дозволат ваква авантура.

Ракетата „Њу шепард“ може самата да носи шест патници на висина од 100 километри и да помине неколку минути во бестежинска состојба и да ужива во погледот на Земјата пред да се врати на неа со помош на падобрани. Прозорците на капсулата се речиси трипати повисоки од оние на „боингот 747“.

Компанијата на Безос, чие мото е чекор по чекор жестоко, Gradatim ferociter, досега објавила осум пробни летови на ракетите од местото каде што се полетува во Тексас, но без екипаж.

The post Џеф Безос ќе носи туристи на прошетка во Вселената (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.