Рослин Маркл, поранешната сопруга на Томас Маркл, таткото на војвотката Меган, се огласи по повод породувањето на сопругата на британскиот принц Хари и пристигнувањето на бебето Арчи.
Рослин изјавила дека Меган би била луда ако му дозволи на нејзиниот татко да го види својот внук. Рослин која е мајка на полусестрата на Меган, Саманта и нејзиниот полубрат Томас, вели дека нејзиниот сопруг бил ужасен татко, и дека тоа е човек на кој Меган не може да му верува.
„Арчи заслужува да биде гледан и воспитуван во среќен дом, а не во ваква одмаздољубива ситуација која ја создаде Томас“, изјавила Рослин.
„Томас се покажа дека е човек на кого Меган не може да му верува. Таа тоа мора да го знае. Не зборувам од горчина, туку од загриженост. Јас мојот живот го продолжив многу одамна“, изјавила Рослин.
Рослин тврди дека за време на бракот со Томас, нејзиниот маж ја изневерувал. Мајката на Меган открила дека нејзиниот сопруг се дрогирал, го изгладнувал семејството, ги трошел заедничките пари и дека таа морала да краде храна од трговските центри. Томас ги негирал ваквите изјави велејќи дека се лаги.
Томас и Рослин биле во брак 12 години. Од 1964 година, до 1976 година, а се запознале година дена пред венчавката. Набрзо откако започнале заеднички живот, Томас често почнал со семејното насилство.
Текстот Меган не смее да дозволи Томас Маркл да го гледа принцот Арчи е превземен од Reporter.mk.