Поп-пејачката Викторија Лоба на социјалните мрежи ѝ го честиташе на својата мајка Татјана Луговаја, Денот на Мајките.
„Среќен ден на мајките на сите фабулозни мајки, особено на мојата. Те сакам“, напиша Лоба на „Инстаграм“.
Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, во Русија. Таа на 8 години со семејството се преселила во Скопје и уште од мали нозе е присутна на музичката сцена и ТВ станиците.
Во изминатиов период Лоба беше во Мајами, од каде често споделуваше фотографии. Потоа таа замина за Грција и од тука се пофали на Инстаграм. Нејзините фанови ѝ коментираат дека изгледа одлично.
Текстот (Фото) Татјана доби честитка од Лоба за Денот на мајките е превземен од Reporter.mk.