(Видео) Соседи спасија 5-годишно дете што паѓа од седми кат

Неколку луѓе во Минск, Белорусија, спасиле 5-годишно момче кое паднало од прозорот на седмиот кат во зградата во која живеело. Припадник на локалното обезбедување прв го видел момчето како виси од прозорецот и веднаш повикал помош. Група соседи излегле пред зградата со ќебе и во последен момент успеале да го фатат момчето. Видеото на кое се гледа како луѓето го спасуваат детето веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Момчето потоа раскажало дека неговата мајка го оставила сам оти бил казнет, а тој се качил на прозорецот за да гледа кога ќе се врати таа. Не знае како се нашол од другата страна на прозорецот, ама имал голема среќа што соседите дошле на време со ќебето, пишуваат белоруските медиуми.