Пејачката Мајли Сајрус активно работи на својот нов албум веќе некое време. Минатата недела таа ги збуни фановите со тајните пораки кои ги објавува на социјалните мрежи.
Сајрус објави трепкачко видео од неколку секунди на кое пишува „Таа доаѓа“. Пејачката од тогаш се нема огласено, а денес повторно објави второ видео со истиот слоган со број 5/30, кои фановите претпоставуваат дека означува датум на новата песна или албум.
На видеото има уште неколку монтирани сцени, од пчели кои опрашуваат цвеќе, огномет, кит кој излегува од вода за кои фановите напишаа дека се збунувачки.
Мајли претходно најави дека работи на својот нов албум, заедно со продуцентот Марк Ронсон, со кого исто така објави заедничка песна пред неколку месеци Nothing Breaks Like A Heart.
Текстот Мајли Сајрус го најави новиот албум е превземен од Reporter.mk.