Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак речиси сите веруваа дека нивната љубовна приказна е како од романите. За нив пишуваше целиот регион. Новинарски текстови, интервјуа за љубовта што се случила во транзит-центарот во Табановце, за тоа дека Нора од муслиманка стана православна, иако родителите не го одобруваа тоа. Приказна за која долго се зборуваше.
Сепак, на љубовта ѝ дојде крајот. Парот се раздели, а пред само една година им се роди син. Нора заминала за Ирак, Боби е тука, во Куманово.
„Со Нора не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак. Јас сум тука .Ние ги знаеме причините и остануваат такви кави што се “, рекол тогаш Боби. Нора, пак, велеше дека причината поради која се враќа во Ирак е што состојбата таму сега е побезбедна, но и за да им помага на бегалците во нејзината земја.
Сепак парот реши да си даде уште една шанса, па тие деновиве објавија заеднички фотографиите на своите профили на социјалните мрежи. Потврдија дека повторно се заедно, во брак и дека сè уште се сакаат.
„Ние повторно се сакаме, ние засекогаш ќе се сакаме“, напиша Нора под заедничките фотографии, на што нивни пријатели од Куманово ѝ одговорија, „Па вие никогаш и не престанавте да се сакате“.
За потсетување, Нора го напуштила Ирак со семејството бидејќи ИСИС го зел нејзиниот татко и морале да платат многу пари за да биде ослободен. Исплашени од состојбата во својата земја, тргнале за Германија. Но, во транзитниот центар во Табановце го запознала Боби, во кого за кратко време се вљубила. Набргу потоа тие направија свадба, а Нора стана православна. Семејството на Нора продолжило кон Германија, а таа и покрај нивното противење остана во Куманово. Набргу потоа се случи и свадбената веселба, која ја пренесоа многу новинарски екипи.
Тажен крај на љубовта меѓу мигрантката Нора од Ирак и Боби од Куманово
Текстот По разделбата, мигрантката Нора од Ирак и Боби од Куманово повторно во љубов е превземен од Reporter.mk.