Поранешната голманката на „Вардар“, Бразилката Маиса Песоа ја побара за жена својата девојка, спортистката Никита Рамоа. Таа објави слика од дијамантскиот свршенички прстен на „Инстаграм“ и се пофали дека Никита „рекла ДА“. Слика од веридбата на својот инстаграм-профил објави и Никита.
„Ти си апсолутно совршена за мене. Љубов на мојот живот“, напиша Никита.
34-годишната Песоа во моментов брани тимот на „Ростов Дон“ и за бразилската репрезентација. Таа во „Вардар“ беше една сезона и играше во финалето на Лигата на шампионите во 2016 година.
Текстот Поранешната голманка на „Вардар“ се сврши со својата девојка е превземен од Reporter.mk.