Една од главните компании на технолошкиот џин „Гугл“, „Алфабет инк“, ја прекина соработката со кинеската компанија „Хуавеи“, за пренос на хардвери, софтвери и технички услуги, освен за оние кои се јавно достапни преку лиценцирања со отворен код, пренесува „Ројтерс“.
Овој потег би можел да смета во работата на паметните телефони во, но и надвор од Кина. Технолошкиот азиски гиган ќе го изгуби пристапот на ажурирања со оперативниот систем на „Гугл“, „Андроид“.
„Ројтерс“ денес јавува дека портпаролот на „Гугл“ објавил дека моменталните корисници на телефоните на „Хуавеи“, ќе можат и понатаму да ги користат апликациите и да симнуваат нови ажурирања за истите.
Но, следната верзија на „Андроид смарт“ телефоните, ќе го изгубат пристапот до популарните услуги, вклучувајќи ги и „Гугл плеј“ продавницата, „Џимејл“ и „Јутјуб“ апликациите.
„Хуавеи ќе може да се користи само со јавна верзија на „Андроид“ и нема да има пристап до сопственичките апликации и услуги од „Гугл“, наведува изворот за „Ројтерс“.
Во „Гугл“ сеуште интерно се разгледуваат поединостите за специфичните услуги на кои се однесува суспензијата, а адвокатите на „Хуавеи“ исто така го проучуваат вијанието на „црната листа“ од САД.
Челниците од „Хуавеи“ не биле веднаш достапни за каков било коментар. Јавноста засега не е запозната во колкава мера ќе биде погоден азискиот гиган со тоа што е ставен на „црната листа“ на американската влада.
Експертите за чипови се сомневаат во способноста на „Хуавеи“ да продолжи со работа без американска помош. „Хуавеи“ и понатаму ќе има пристап до верзијата на оперативниот систем „Андроид“ кој е достапен низ лиценца на отворен код, познат како Android Open Source Project (AOSP).
Таа е бесплатно достапна на сите кои сакаат да ја користат. Според „Гугл“ во светот се користат околу 2,5 милијарди андроид уреди со марка „Хуавеи“.
Текстот „Гугл“ ја прекина соработката со „Хуавеи“ е превземен од Reporter.mk.