Боинг соопшти дека завршиле со софтверските измени за проблематичните модели 737 Макс. Производителот на авиони соопшти дека е тестиран софтверот повеќе од 360 часови на 207 летови.
Во несреќите на авиони Боинг 737 Макс на Етиопијан ерлајнс и на Лајон Ер кога загинаа над 250 лица, и анализите покажаа дека автоматскиот систем Maneuvering Characteristics Augmentation System (MCAS) грешно обработувал податоци со што на пилотите им оневозможувал да го поправат проблемот и да вратат контрола врз авионот.
По несреќата во Етиопија моделите 737 Макс 8 и 9 беа приземјени во светот. Подобрениот софтвер треба да го одобри американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) и нејзини партнери во други држави.
Текстот „Боинг“ тврди дека поправил грешки во софтверот за моделот 737 Макс е превземен од USB.mk.