Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ напиша на „Твитер“ дека за него, македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска е вистинскиот победник на Евровизија.
Македонија во најголем дел од гласањето беше прва на табелата. За првпат годинава добивме поени од речиси сите земји на Евровизија. Тамара освои 237 поени од стручното жири, а 58 од телевоутингот.
Јоксимовиќ напиша дека Тамара неправедно на крајот се нашла на осмата позиција и дека во иднина треба да се промени наинот на гласање на Евровизија.
„Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровизија. За мене, вечерва Тамара победи“, напиша Јоксимовиќ на „Твитер“.
Јоксимовиќ досега има двапати настапувано на Евровизија. Во 2012 година заврши на третото место со неговата песна „Не е љубав ствар“, додека осум години претходно ја испеа „Лане мое“, со која заврши на второто место.
Текстот За Жељко Јоксимовиќ Тамара е победничка на Евровизија е превземен од Reporter.mk.