Кралското семејство во грдината која ја дизајнираше Кејт

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам споделија семејни фотографии од посетата на градината „Враќање во природата“, која ќе биде претставена во рамките на градинарската изложба „Chelsea Flower Show“.

Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи се забавуваа со своите родители додека се лулаа и ја истражуваа околината.

Градината е кодизајнирана од Кетрин, како дел од кампањата за поттикнување на децата да излегуваат повеќе и да учат надвор, во природна средина.

„Навистина мислам дека имаме огромни бенефиции од природата и интерактивните активности надвор за нашето физичко и ментално здравје, особено кај малите деца. Се надевам дека оваа шума која ја креиравме ќе инспирира семејства, деца и заедници да излезат надвор, да уживаат во природата и да поминуваат квалитетно време заедно“ – изјави Кетрин.

Текстот Кралското семејство во грдината која ја дизајнираше Кејт е превземен од Reporter.mk.