Британската виолинистка Ванеса Меј ќе го отвори годинешното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“. Таа на Античкиот театар на 12 јули на свеченото отворање на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ. Ќе диригира Иван Кожухаров.
Што се однесува на музичкиот дел на „Охридско лето“ селекторот Васо Ристов рече дека годинава на фестивалот ќе учествуваат уметници од Италија, Австрија, Русија, Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска и други земји.
Драмскиот дел на „Охридско лето“ оваа година содржи осум претстави што, кои ќе бидат посветени на починатиот режисер Горан Стефановски.
На „Охридско лето“ оваа година разновидна драмска програма, со претстави од Словенија, Хрватска, секако претстави од Македонија, од Казахстан од Турција, од Португалија и од Србија.
Фестивалот „Охридско лето“ од страна на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) неодамна беше сврстен меѓу трите најдобри музичко-сценски манифестации на европската културна сцена.
Текстот Ванеса Меј ќе го отвори 59-то „Охридско лето“ е превземен од Reporter.mk.