Американците ќе ги земат личните работи на Асанж од амбасадата на Еквадор

Службите од амбасадата на Еквадор во Велика Британија, ќе ги предадат сите лични работи од Жулијан Асанж на американските власти. Светските медиуми пренесуваат дека официјалните служби на Еквадор, веќе тргнале во Лондон со цел да им одобрат на американските обвинители да ги земат сите лични работи и предмети на Асанж.

Меѓу работите кои би можеле да послужат како докази се правни документи, медицински извештаи и електронска опрема, пренесува „Гардијан“.

„Викиликс“ обвинува дека во целата постапка им бил забранет пристап на официјалните лица од Обединетите нации и адвокатите на Асанж. Адвокатите на Асанж истакнале дека во прашање е незаконска заплена на имотот на нивниот клиент, која ја побарале властите на САД.

Асанж во моментов се наоѓа во затвор во Лондон, каде издржува казна од 50 недели поради кршење на условите за кауција. Следниот месец судот ќе одлучи по барањето на САд за негово испорачување.

Шведска денеска поднела барање за апсење на Асанж, а доколку биде издаден налог, тоа ќе биде првиот чекор во процесот кој би резултирал со негово испорачување во таа земја.

Текстот Американците ќе ги земат личните работи на Асанж од амбасадата на Еквадор е превземен од Reporter.mk.