30 пениси ги налутија родителите во новата тинејџерска серија

Новата серија во продукција на НВО која го следи животот на тинејџерите исполнет со дроги и секс во Лос Анџелес предизвика гнев и револт кај многу родители, токму како што предвидуваше авторот на серијата.

Оваа недела беше емитувана третата епизода од „Euphoria“ („Еуфорија“), но револт кај многумина предизвика сцената од соблекувалната од минатата епизода, во која наводно се гледаат вкупно дури 30 машки полови органи.

Телевизискиот совет на родители (Parents Television Council) упати предупредување до НВО да ја прекине серијата бидејќи се чини дека „отворено и намерно им прикажува на тинејџерите и младите графички содржини за возрасни – секс, насилство, пцости и консумирање дрога“.

„Некои родители ѓаволски ќе спиздат поради ова“, изјави за Variety авторот на серијата, Сем Левинсон. И беше во право.

Во спорната епизода, 17-годишната Ру (лечена зависничка од дроги која ја глуми пејачката и актерка Зендаја) покажува серија од машки полови органи. Во епизодата, исто така, е прикажан и полов орган од корпулентен маж кој учествува во вебкам-шоу со тинејџерка.

Иако многумина се согласни дека голотијата има своја улога, други сметаат дека серијата е провокативна само заради провокативност, и дека нема многу што да каже. На IMDB серијата засега има оценка 7,4.

Текстот 30 пениси ги налутија родителите во новата тинејџерска серија е превземен од Reporter.mk.