50 години од филмот „Битката на Неретва“: Два моста биле кренати во воздух, Пикасо го направил постерот, а буџетот лично го одобрил Тито

По повод 50 години од премиерата на филмот „Битката на Неретва“ на режисерот Вељко Булајиќ, вчеравечер во Филмската галерија на белградскиот културен центар беше отворена изложбата „Патот до слободата секогаш треба да биде чист“. Изложбата беше посветена на ова филмско достигнување, кое и денес се смета за еден од најуспешните продукциски проекти на Балканот.
Филмот е снимен според вистински настан, а премиерно бил прикажан на 29 ноември 1969 година во Сараево.

Во филмот се појавија многу познати светски ѕвезди како Орсон Велс, Јул Брајнер, Сергеј Бондарчук, Ентони Досон, како и домашни: Милена Дравиќ, Борис Дворник, Љубиша Самарџиќ, Велимир Бата ​​Жиивојиновиќ, Ристо Шишков…

„Битката кај нераттва“,  бил номиниран за Оскар, прикажуван секаде низ светот, а плакатот за англиската верзија на филмот го изработил Пабло Пикасо и, како што велат, не побарал хонорар.

„Пикасо за својот труд не побарал никаков надомест, туку само неколку шишиња од најдоброто локално вино. Филмот премиерно беше прикажан во Сараево на 29 ноември 1969 година, а присуствуваа Омар Шариф, Софија Лорен и многу други познати личности од тоа време… Филмот беше номиниран и за Оскар како еден од најдобрите пет“, раскажа Маја Медиќ, организаторка на изложбата.

На снимањето, заради филмот два моста се кренати во воздух, а бројка на буџетот наменет за овој филм сè уште не е точно позната.

„Освен тоа што „Битката на Неретва“ беше најскапиот филм во своето време, можно е тој сè уште да е најскапиот филм на Балканот. Се снимаше една иипол година, ЈНА отстапи 10.000 војници и воени возила потребни според сценариото. Точната сума потрошена за овој филм не е позната, но од она што го знаеме е дека е нешто помеѓу 7 и 12 милиони тогашни долари, но тука не се пресметани трошоците на Армијата и донациите од 58 државни компании кои исто така му помогнаа на филмот финансиски – се сеќава Маја Медик, организаторка на изложбата.

„Битката кај Неретва“ е еден од петте најскапи филмови на сите времиња од неанглиско говорно подарачје, снимен според вистински настан од Втората светска војна, а буџетот за овој филм бил лично го одобрил Јосип Броз Тито.

 

Текстот 50 години од филмот „Битката на Неретва“: Два моста биле кренати во воздух, Пикасо го направил постерот, а буџетот лично го одобрил Тито е превземен од Reporter.mk.