Вчеравечер на сцената во Театар Комедија се одигра јубилејната 50. изведба на претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ во режија на Ѓорѓи Ризески, а во продукција на приватниот театар Театар Провокација од Скопје. Актерите Роберт, Мирјана и Дарко имаа одлична изведба, а што публиката им возврати со грмогласен аплауз и смеење до солзи. Ова е една од ретките претстави во која има интеракција со публиката – таа одлучува во кој правец ќе се одвива претставата, па секоја изведба е поинаква и неповторлива.
По претставата, гледачите беа поканети на заеднички коктел во фоајето на Театар Комедија, каде што свој настап имаа четворицата млади челисти. Публиката имаше можност да се запознае и да се подружи со актерската екипа.
Следната изведба е закажана за 17 март, на сцената на Театар Комедија.
Текстот 50. изведба на „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ е превземен од Reporter.mk.