Раперот и актер 50 Сент во април основал свој бренд шампањ и деновиве ги промовира првите произведени вина. Брендот го носи името Le Chemin du Roi или во превод „Патот на кралот“. Раперот вели дека не е тајна дека кралот на рап-музиката е тој, па затоа на секое шише од неговото вино има шаховска фигура крал направена од четиринаесеткаратно злато.
Во понудата има брут, розе и бланк де бланк, но засега се продава само розе шампањ по цена од 350 долари. Новиот бренд на 50 Сент американските медиуми го нарекоа конкуренција на шампањот Armand de Brignac на Џеј Зи, кој исто така нуди брут, розе и бланк де бланк верзија.
„Мојот шампањ е само за победниците“, напишал раперот на „Инстаграм“ покрај сликата пред првите кутии со шампањ.
Текстот 50 Сент произведува шампањ е превземен од Reporter.mk.