Фолк ѕвездата Аца Лукас беше снимен со неговата сопруга Соња Вуксановиќ на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде двојката слета по неколкудневното романтично патување. Медиумите пишуваа дека двојката се решила да одмори на неколку дена, а дека Лукас ја однел Соња на романтично патување за да ја освежи нивната врска.
Српските медиуми пишуваат дека веднаш откако Лукас ги забележал, се разделил од Соња, за да не ги видат заедно. Соња и Лукас се разделија минатата година, откако таа го пријави фолкерот за семејно насилство. Двајцата никогаш официјално не се разведоа.
Пред неколку дена низ медиумите се рашири информација дека Лукас и Соња се повторно заедно и дека двајцата ги минале новогодишните и божиќни празници заедно. Исто така пишуваа дека фолкерот ѝ помогнал со проширувањето на бизнисот на Соња и отворањето на бутик.
Соња на 2 септември пријавила во полиција дека Лукас ја претепал во нејзиниот стан. Репортерите успеале да ја сликаат и снимат таа ноќ во Ургентниот центар, а Лукас на 3 септември во Третото основно јавно обвинителство во Белград ја призна вината.
„Во интерес на детето морав да кажам дека го направив тоа што го направив. Госпоѓата тоа успеа да го изведе и јас и честитам. Доколку не склопев договор, би завршил во притвор, па ќе морав да докажувам дека тоа не го направив. Ќе се жалам само на еден дел од пресудата. Ќе се жалам на тоа што добив 18 месеци забрана да ѝ се доближам. Јас сака да добијам доживотна. Притоа не ја познавам повеќе таа госпоѓа“, изјавил Лукас за српските медиуми.
Текстот Аца Лукас и Соња се вратија од романтично патување е превземен од Reporter.mk.