Аца Лукас ја одведе новата девојка во Париз

Фолк-пејачот Аца Лукас викендов бил во Париз со новата девојка, пишува српски „Скандал“. Наводно, Лукас е две недели во врска со Наташа Шавија, но веднаш заминале на романтично патување. За да не се дознае дека се во врска, Лукас во Париз летал од Виена, а Наташа од Белград. Тие, пишува „Скандал“, се вратиле заедно во Србија. Според српските медиуми, Аца и Наташа се знаат одамна, а почнале да се гледаат откако случајно се сретнале во град.

Текстот Аца Лукас ја одведе новата девојка во Париз е превземен од Reporter.mk.