Аца Лукас ја провоцира Лепа Брена поради слабата посетеност на концертите

Фолк-пејачот Аца Лукас, кој неодамна се појави како гостин во емисијата „Никогаш не е доцна“, на „Гранд“ ги коментираше коцертите на неговата колешка Лепа Брена.

Лукас се пошегува дека салата во „Арена“ не била целосно исполнета ниту на првиот концерт на Брена а таа направила уште еден.

Фолк-пејачот го спомена распродадениот концерт на Маја Беровиќ во „Арена“, кој треба да се одржи денеска, на 2 ноември.

„Кога некој може да прави два концерти со пола распродадени билети, тогаш може и Маја Беровиќ да направи еден со целосно распродадени билети“, изјавил Лукас.

На ваквата провокација на Лукас Брена само кратко одговори дека не сака да го коментира фолк-пејачот.

 

Текстот Аца Лукас ја провоцира Лепа Брена поради слабата посетеност на концертите е превземен од Reporter.mk.