Аца Лукас: „Јас го умрев татко ми“

Српскиот фолк-пејач Аца Лукас верува дека тој е виновен за смртта на неговиот татко. Таткото на Лукас починал пред 14 години, еден месец откако пејачот излегол од затвор каде што беше заради поседување оружје без дозвола.

„Татко ми почина откако излегов од затвор. Беше болен, но најверојатно немаше да умре ако јас не завршев во затвор. Јас го умрев, нема друго. Тој не можеше да поднесе неговиот син да е затворен. Беше убеден дека ако сум во затвор, тогаш сум крив. Не сфаќаше дека може да седиш во таква установа без причина“, изјавил Лукас.

Популарниот пејач беше уапсен во 2003 година во полициската акција „Сабја“ оти поседувал оружје за кое немал дозвола. Осуден е на четири месеци затвор, кои ги помина во „Падинска скела“ во Белград. Се коцкаше и имаше проблеми и со дрогата заради што се повлече од јавноста од 2004 до 2006 година.

Текстот Аца Лукас: „Јас го умрев татко ми“ е превземен од Reporter.mk.