Во едно скорешно интервју за „Пинк“ српскиот пејач Аца Лукас отворено зборуваше за ноќта во 2003 година кога полицијата го уапсила во акцијата „Сабја“ оти поседувал оружје без дозвола, а раскажа и за месеците поминати во затвор.
„Пиштолот беше во спалната соба, во чантата на жена ми. Кога полицијата влезе во станот и ме праша дали имам оружје, го извадив пиштолот и им го дадов. Направија записник и ме одведоа во централниот затвор околу 3-4 часот изутрина. Никој од затворениците не знаеше дека сум таму. Кога влегов во ќелијата барав каде има слободен кревет за да легнам. Бев изнемоштен, па заспав. Кога се разбудив утрото, слушам околу мене: ‘тој е, не е, ама тој е, можеби не е’. Кога ги отвороив очите, видов четири глави надвиснати над мене, пробуваат да дознаат дали е тоа Аца Лукас. Ми изгледаше симпатично, па им кажав дека сум јас. Не им беше верно дека се будат во затвор покрај мене“, рекол пејачот.
Тој раскажал дека поради него, сите затвореници ги извеле од ќелиите во ходникот, па им рекле да се соблечат голи.
„Ни ги расфрлаа работите затоа што беснеев. Стоевме голи надвор и седум полицајци дојдоа пред мене, а едниот ми рече: ‘Што правиме Лукас, малку си горе, малку си долу’. Му одговорив: ‘Јас ќе бидам тука неколку месеци, ти никогаш нема да излезеш’“, рекол пејачот и додал дека во затворот стекнал многу пријатели.
„Секој што беше некој во оваа земја во тоа време беше во затвор. Ама само јас бев осуден поради нелегален пиштол. Реков дека нема да се жалам и ме одведоа во ‘Падинска скела’. Кога излегов од затвор, бев бесен, се чувствував лошо, татко ми почина. Најлошиот период во мојот живот“, открил тој во интервјуто.
Текстот Аца Лукас раскажа за затворот: Јас ќе бидам тука месец-два, ти никогаш нема да излезеш е превземен од Reporter.mk.