Аца Лукас се смири со Соња

Фолк-пејачот Аца Лукас во едно скорешно интервју открил дека веќе не е скаран со поранешната жена Соња Вукашиновиќ.

„Соња и јас се смиривме! Ако бевме во некоја кавга како двајца луѓе, сега сме смирени. Но како маж и жена не сме смирени. Едноставно, нашите патишта се разминаа. Ние сега сме во супер односи, најмногу поради детето“, рекол пејачот.

Соња и Лукас се разделија минатото лето. Бидејќи пејачот физички ја нападнал, бил осуден на десет месеци условен затвор, ако во следните три години го повтори делото.

Текстот Аца Лукас се смири со Соња е превземен од Reporter.mk.