Британската пејачка Адел и официјално поднесе барање за развод од сопругот Симон Конецки, откако во април нивниот портпарол соопшти дека двојката се разделила. Но, извори блиски до двојката уште тогаш велеа дека Адел го напуштила сопругот уште лани летото.
Според британските медиуми, бидејќи тие не потпишале предбрачен договор пред да се венчаат во 2016 година, во разводот Конецки можел да земе половина од нејзиното богатство стекнато додека беа заедно, а кое изнесува околу 150 милиони фунти.
Адел е една од најпродаваните музички ѕвезди во светот, но исто така и една од најтаинствените кога станува збор за споделување на детали од нејзиниот приватен живот со јавноста. Во март таа ги изненади фановите кога со нејзината пријателка, глумицата Џенифер Лоренс, се појавија во неколку ноќни геј клубови, каде пееја и се забавуваа заедно со другите гости. Наводно, тоа била забава со која Адел го прославувала разводот.
Според „Мирор“, причината за разделбата наводно е фактот дека двајцата се зафатени и поминуваат многу време раздвоени. Симон не сакал ни да се појавува на свечени настани и да во центарот на вниманието на медиумите, а бидејќи Адел подготвува нов албум, ѝ следи период на интензивно појавување во јавноста.
Адел во февруари ја продала нивната заедничка куќа во Велика Британија вредна 3 милиони долари, а во јануари куќата во Лос Анџелес му ја препишала на Симон.
Адел и Конецки во 2012 година го добија синот Анџело, а се венчаа тајно во 2016 година. Адел првпат јавно проговори за бракот во говорот кога примаше Греми награда во 2017 година, па му се заблагодари на „сопругот“.
Текстот Адел и официјално поднесе барање за развод е превземен од Reporter.mk.