Адел ќе остане без пола богатство, пејачката нема предбрачен договор

Сајмон Конецки, сеуште законскиот сопруг на британската пејачка Адел, би можел да стане богат човек, поради тоа што двајцата немале потпишано предбрачен договор.

Двојката деновиве и официјално објави дека ќе се разведат по осумгодишната врска и трите заеднички години минато во брак.

Британските медиуми пишуваат дека пејачката и бизнисменот немале потпишано предбрачен договор, кога се венчале во 2016 година. Сајмон сега би можел да биде потежок за половината од богатството на пејачката Адел, чија вредност во моментов се проценува на околу 145 милиони фунти, односно 167 милиони евра, пишува „Мирор“.

Како што тврдат извори блиски до двојката, нивниот брак веќе подолго време не функционирал, а тоа најмногу се забележало на доделувањето на BRIT наградите на 20 февруари годинава.

 

Текстот Адел ќе остане без пола богатство, пејачката нема предбрачен договор е превземен од Reporter.mk.