Поранешниот адвокат на американскиот претседател Мајкл Коен, тајно во пресрет на изборите го снимал разговорот со Доналд Трамп околу исплатата на пари на поранешнниот плејбој модел Карен Мекдугал за да молчи за наводната афера со американскиот претседател.
Тие снимки се пронајдени за време на претресот на куќата на Коен, на почетокот на оваа година. Како што пренесуваат американските медиуми, направени биле два месеци во пресрет на изборите.
Министерството за правосудство ги следи наводите за подмитувањето на жената која тврделе дека имала афера со Трамп. Коен е под истрагата поради измамата околу плаќањето на данок и можното кршење на законот за избори.
Адвокатот на Коен изјавил дека откако ќе бидат обелоденети снимките, на неговиот клиент нема да му биде нанесена штета.
Во пресрет на изборите Мекдугал, за 150.000 долари ја продала приказната за наводната афера на весникот „Нешнал Енквајер“, чиј сопственик бил близок пријател на Трамп.
Но, таа не само што ги продала правата на приказната, туку и било забрането јавно да говори за наводната афера.
Сепак, бидејќи приказната не била објавена, Мекдугал сега изјавила дека е измамена.
Адвокатот на Трамп Руди Џулијани изјавил за Њујорк Тајмс, дека Трамп и Коен разговарале за исплатата на Мекдугал, но дека парите никогаш не биле префрлени на нејзина сметка.
Текстот Адвокат ги снимал разговорите со Трамп за плејбој зајчица е превземен од Reporter.mk.