Аеродромот во Сплит да го носи името на Оливер Драгојевиќ

Хрватскиот новинар Драго Пилсел покрена иницијатива за преименување на аеродромот во Сплит. Тој побара аеродромот да го носи името на Оливер Драгојевиќ.

„Драги сограѓанки, драги сограѓани,

Ве повикувам да ни се приклучите на мене и мојата сопруга Клаудија во акцијата што ја бараме од Владата на Република Хрватска. Бараме да се преименува аеродромот на Сплит со името на Оливер Драгојевиќ.

Оливер е неповторлив и незаменлив. Наш најголем вокалист. Симбол на Сплит и Далмација. Беше наша поддршка. Сите го сакавме.

Се сетивме на нашите добри пријатели во Прага кои направија слична акција со преименувањето на аеродромот Вацлав Хавел.

Сакаме да ви кажеме дека можеме тоа да го постигнеме. Сега е важен вашиот/твојот потпис. Оваа петиција ја шириме понатаму. За Оливер“, повика Пилсел.

 

 

 

 

 

Текстот Аеродромот во Сплит да го носи името на Оливер Драгојевиќ е превземен од Reporter.mk.