Пејачот на „Парни Ваљак“, Аки Рахиновски, по долгои години сними песна на македонски јазик. Песната „Мајко“ е дует, во соработка со македонскиот музичар Игор Атанасовски – Харе. „Мајко“ ја избрал Аки, а дуетот го снимиле во Скопје, во студиото „Тавитјан брадрс“.
„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐ уште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму на тој начин. Пријатно ме изненади. Дики Тавитјан направи одличен аранжман, каков што го замислував“, вели Харе.
Гуру Харе е автор на музиката и на текстот, а продуцент е Диран Тавитјан. За песната снимија и спот, во кој се вклучени и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров. Спотот е во режија на Огнен Шапковски, а го изработи „Мелен продукција“.
Текстот Аки по долги години сними песна на македонски е превземен од Reporter.mk.