Пејачот на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, оваа Нова година ќе ја дочека во Скопје. „Нова година конечно ќе ја минам во моето Скопје, после толку години. Секогаш сум бил на некое друго место, но овојпат нема“, рекол пејачот во интервју. Пејачот првпат проговори јавно за мозочниот удар што го имаше во април оваа година. Во интервју за хрватските медиуми рекол дека најголема сила му дале семејството и пораките што ги добивал од обожавателите. Додал и дека иако има 63 години нема да застане и да престане да пее.
„Знам колку им значам на луѓето и тие пораки на поддршка ми се важни. Публиката и семејството беа покрај мене и за време на болеста, но и кога реков дека се враќам на музиката. Мојот живот е музиката, не знам што би работел подобро од тоа. Јас цели 24 години го работам само она што го сакам и никогаш не сум размислувал за тоа да одам во пензија. Немам намера да се повлечам од сцената“, раскажал пејачот.
Неодамна „Парни ваљак“ промовираа нова песна, спремаат нов албум и веќе ги свират концертите што ги откажаа заради неговата болест.
„Новата песна ‘Од каде ти право’ е балада и најава за албумотшто ќе се појави кон крајот на ноември. Новиот албум во позадина ќе го има вистинскиот звук на ‘Парни ваљак’, но ние постојано си играме и одиме напред додека работиме“, додал Аки.
Текстот Аки за Нова година во Скопје е превземен од Reporter.mk.