Американската актерка Ешли Џадреши јавно да проговори за пеколот низ кој поминала откако била сексуално злоставувана. Ѕвездата од Холивуд на конференцијата Women in the World се охрабри да зборува за една, како што вели, премногу лична и болна тема, за настанот кој ќе го памети додека е жива.
На конференцијата на која се дебатирало за моменталната позиција на феминизмот во светски рамки, Џад го прераскажала сопственото искуство кога одлучила да ја прекине бременоста. Пред присутните во салата открила дека била силувана од страна на таткото на нероденото дете и дека ако не абортирала, таткото ќе добиел право на заедничко старателство од друга држава.
„ Секогаш сум отворена со моите фанови и не кријам дека дури три пати бев силувана. По едно од тие болни искуства останав бремена. Ако го задржев детето, силувачот кој е од Кентаки би имал право на старателство во Тенеси од каде што сум јас. Ќе морав детето да го делам со тој што ме силуваше – изјавила Ешли.
50-годишната актерка која никогаш не го откри името на злоставувачот, беше меѓу првите холивудски глумици кои го обвинија филмскиот могул Харви Вајнстајн за сексуално злоставување.
Текстот Ако го задржев детето, ќе го делев со силувачот-исповед на актерката Ешли Џад е превземен од Reporter.mk.