Актер гостуваше во емисија кај поранешната сопруга

Актерот Срџан Тимаров на својот инстаграм профил објави селфи фотографија која ја направи во студиото каде се снимаше емисијата на неговата поранешна сопруга водителката Наташа Милијковиќ.

Поранешните сопружници во емисијата разговараа за објавените фотографии на социјалните мрежи и ги коментираа фотографиите кои Тимаров ги објавувал на Инстаграм.

По разговорот, двајцата направија селфи, а фотографијата недолго потоа заврши на Инстаграм.

„За прв пат кај неа. Историски. Антологија. Среќа. Привилегија“, напиша актерот со краток опис под фотографијата.

 

Текстот Актер гостуваше во емисија кај поранешната сопруга е превземен од Reporter.mk.