Американскиот комичар Кевин Харт, догодина ќе биде водител на најпопуларните филмски награди Оскар. Веста најпрво ја соопшто Академијата на филмски работници на Америка, а потоа и глумецот се пофали на социјалните мрежи.
„Исклучително се радувам што можам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно“, напиша Харт на Инстаграм.
Глумецот е познат по улогите во многу филмови, меѓу кои и „Џуманџи: добредојдовте во џунглата“, „40-годишна девица“, „Страшен филм“ и други.
Церемонијата на доделување на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари 2019 година.
Текстот Актерот Кевин Харт ќе биде водител на Оскарите е превземен од Reporter.mk.