Холивудскиот актер Мајкл Кејн најави дека ќе ја заврши филмската кариера. 85-годишниот британски глумец кој има снимено 167 филмови, вели дека е време да престане да работи и да ужива со сопругата во она што му останало од животот.
„Се уште не ме пензионирале, но чуствувам дека е дојден крајот. Станувањето во 6:30 и учењето дијалози на памет не е моја слика на рајот“, рекол актерот во интервју за „Мирор“.
Тој додал дека престанале да го ангажираат откога наполнил 70 години, но тогаш ја добил улогата во филмот „Бетмен: почеток“, по што кариерата како да му почнала отпочеток.
„Најдобрите филмови ги снимив како седумдесетгодишник. Но, време е да се пензионирам. Се движам со бастун откако лани ја скршив ногата, се хранам здраво, веќе не пијам. Сега сум друг човек“, додал тој во интервјуто.
Сепак, актерот ќе сними уште два филма пред да се пензионира, „Крал на крадците“ и „Четири деца и тоа“, за кои веќе има потпишано договори. Потоа, оди во пензија.
Текстот Актерот Мајкл Кејн оди во пензија е превземен од Reporter.mk.