Холивудската глумица Селма Блер откри дека боледува од мултиплекс склероза. Таа јавно призна дека е веќе некое време е инвалид и дека воопшто не се чувствува добро. Со години ги чувствувала симптомите, но дијагнозата ѝ била поставена во август оваа година.
„Океј сум, но ми беше тешко да ја прифатам дијагнозата кога ми ја соопштија. Инвалид сум. Паѓам. Испуштам работи. Заборавам, а левата страна од моето тело бара упатства од расипан ГПС. Но, успеваме. И се смеам и не знам што ќе направам, но знам дека ќе дадам се од себе“, напиша Селма на „Инстаграм“.
46-годишната глумица додала и дека кога ѝ ја утврдиле дијагнозата, лекарите ѝ рекле дека болеста ја има најверојатно 10 години. Блер се прослави со улогите во филмот „Врисок“ и во хумористичната серија „Справување со бесот“.
Текстот Актерската Селма Блер има мултиплекс склероза е превземен од Reporter.mk.