Акустичниот поп-рок состав „Акустик дивижн“ го промовираат видеото за нивната преработка на хит-песната „Јако јако“ од Влатко Лозаноски-Лозано. Членовите на бендот велат дека оваа преработка е почеток на нивниот проект со кој ќе бидат опфатени многу македонски хитови и тие ќе бидат преработени во акустични верзии, стилот по кој се препознатливи „Акустик дивижн“.
„Покрај најавените акустични преработки, до крајот на септември ќе ја објавиме и нашата втора авторска песна која ќе биде најава за нашиот дебитански албум“, вели Давор Бинов, вокалот на бендот.
Момците освен што ја спремаат новата песна, се подготвуваат и за настап на претстојниот „Макфест“, кој ќе се одржи во октомври.
За потсетување, минатиот месец бендот го промовираше видео записот од нивната кавер-верзија на баладата „Лебедот бел“ од „Нокаут“.
Текстот „Акустик дивижн“ преработи хит од Лозано е превземен од Reporter.mk.