Актерот Алек Болдвин во шоуто на Сет Мајерс, се пошегува дека не може да заштеди пари за себе од филмовите кои ги снима, затоа што се што ќе заработел го трошел на неговите деца.
60, годишниот актер го имаше своето деби во појавувањето на телевизија во ноќното шоу кое се емитува на телевизиската мрежа NBC, откако беше уапсен во Њујорк Сити поради напад на лице.
Алек има четири деца со неговата сопруга Хиларија.
„Јас снимам филмови, но покрај сите овие деца кои ги имам, не можам да зачувам ниту долар“, изјавил Алек.
Актерот се пожалил дека имало периоди кога не можел да ги подмири ни хотелските трошоци. Вели дека кога престојувале во „Беверли хотелот“, само за сок од портокал морал да плаќа и по 20 долари.
Алек и Хиларија ги имаат пет годишната ќерка Кармен, тригодишниот син Рафаел, двегодишниот син Леонардо и шестмесечниот Ромео.
Текстот Алек Болдвин поради децата не може да заштеди пари за себе е превземен од Reporter.mk.