Холивудскиот глумец Алек Болдвин верува дека поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп ќе го убијат оти тој постојано го исмејува во шоуто „Во живо во сабота навечер“. Според Болдвин, Трамп испраќа сигнали до луѓето дека треба да станат лути и огорчени и дека тој негов став е насочен и против актерот.
Во последната епизода од шоуто Болдвин направи пародија на прес-конференцијата на Трамп на која беше најавена вонредна ситуација поради плановите за изградба на мексиканскиот ѕид. Тоа го разбесне Трамп, кој на „Твитер“ напиша дека ништо во врска со глумата на Болдвин не е смешно.
„И порано ме прашуваа дали се грижам дека луѓето на Трамп или неговите симпатизери би можеле да ми се одмаздат поради начинот на кој го прикажувам во пародиите и секогаш велев дека не се грижам. Сè досега. Со ова тој им сигнализираше на луѓето, можеби не директно што би требало да прават, туку како би требало да се чувствуваат. Тоа е почетокот, ги лутите и ги вознемирувате луѓето, а потоа ќе доајде до акција“, рекол Болдвин и додал дека стравува и за безбедноста на семејството.
Текстот Алек Болдвин верува дека поддржувачите на Трамп ќе го убијат е превземен од Reporter.mk.