Александра Пановска Илиевска, водителката на емисијата „Брза кујна“, догодина повторно ќе биде невеста. Таа е избрана да биде заштитно лице на деветтиот Саем за венчавки што ќе се одржи од 22 до 24 февруари 2019 година во хотелот „Александар палас“. Александра и лани учествуваше на саемот. Тогаш носеше венчаница од креаторката Мила Кадриу.
Познатата водителка веќе двеипол години е во брак со Александар Илиевски. Тие се венчаа по неколкугодишна врска. Македонската публиката ја знае Александра и како радио-водителка во „Метрополис“, но и како водителка на музичкото реално шоу „На иста адреса“.
Текстот Александра од „Брза кујна“ повторно невеста е превземен од Reporter.mk.