Српската пејачка Александра Пријовиќ за 7 години направи кариера и стана една од најплатените пејачки на српаската естрада. Таа прв пат се појави на “Ѕвездите на Гранд”, и од таму тргна нејзината кариера . Таа ја започна својата кариера како девојче: снимила две песни на возраст од само 13 години и потоа влегува во кафеана, пее под шатори, по панаѓури, но дури по “Гранд” натпреварот таа излезе од анонимност. Како што се развиваше нејзината кариера и таа се менуваше. Со парите од настапите , таа инвестирала во нејзиниот изглед. Сега е речиси непрепознатлива, од она кога ја почнала кариерата.
„Нема ништо што наликува на девојка која од Бели Манастир дојде во Белград за да ја освои естрадата. И во обидите да го освои тронот, таа го освои и Филип Живојиновиќ, синот на Боба, кој всушност и даде пари на Брена да почне со “Гранд продукција”-пишуваат рпските медиуми.
Пријовиќ стави силиконски гради, ги зголеми усните, го скрати носот, стави нови заби и ги тетовираше веѓите. Исто така имаше корекција на ушите, а се зборуваше дека ги коригирала и образите, тврдат во медиумите.
Текстот Александра Пријовиќ, од панаѓурска пејачка до наследничка на „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.