Александра Пријовиќ требала да се соблече пред камери и да глуми секс сцена со Бранислав Трифуновиќ. Таа одбила да сними еротска сцена во “Убиците на мојот татко“. Атрактивната фолк пејачка во четвртата сезона на хит серијата ја игра пеачката Мила, која по сценарио, треба да заврши во кревет со Бранислав Трифуновиќ. Но таа одбила да се соблече пред камери и барала од продуцентот да ја исфрли таа сцена, со што тие прифатиле.
„Кога во сценариото прочитав дека треба да ја снимам таа сцена им рков: “Неможам. Несакам тоа да го правам по цена да ја загубам улогата“. Потоа направивме нешто поразлично, но не смеам да откривам детали пред премиерата. Ќе ви кажам дека глумам пеачка која е на почеток на кариера, и која лудо се вљубува во погрешен човек – рекла Пријовиќ.
Таа признала дека на сетот се опуштила со алкохол.
„Потешко е да се биде глумица отколку пејачка, никогаш во живот не сум имала поголема трема. Сите на сетот се трудеа да ме опуштат. Премрзнав од страв кога требаше во полиција да снимаме сцена во која ме испрашуваат. Еден час пробавме, навистина ми беше напорно. Потоа им побарав ракија за да се опуштам. Поточно во таа сцена требаше да бидам по малку потпивната, и навистина испив ракија за полесно тоа да го одглумам – раскажува Александра.
– Би сакала и јас да снимам филм или серија за себе, но треба да поминат некои 20 години – рекла таа и додава дека станала глумица по наговор на сопругот Филип Живојиновиќ.
„ Филип ме вплетка во сето ова. Не сакав да ја прифатам улогата, но тој ме наговори. И на крај беше во право. Беше на сетот и се одушеви како се снајдов. Едвај чекам во јануари да тргне со емитување, па гледачите да го видат сето тоа„, вели Пријовиќ
Текстот Александра Пријовиќ одби еротска сцена, проблеми на снимањето во новата серија е превземен од Reporter.mk.