Пејачката Александра Пријовиќ, која пред една недела се омажи за Филип Живојиновиќ, на српските медиуми им раскажа дека неколку дена пред свадбата била многу нервозна оти имало проблем со велот што требало да стигне од Италија.
„Сè течеше по планот сè додека пет или шест дека пред свадбата не стигна велот. Не може да нема малер пред свадба. Па така и мене ми се случи малер кога место во Србија, пратката од Италија заминала во Мемфис, а бидејќи се случи во петок, ден пред викенд, кажаа дека не може да стигне во Белград пред четврток, односно денот на нашата свадба“, открива Александра. Дизајнерката и нејзиниот сопруг упорно досадувале за доставата, така што велот стигнал во понеделник, открива некогашната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“. Но и тука не завршило. Велот не одговарал на обликот, па шнајдерките морале да го прекројат.