Александра Пријовиќ со Филип ќе слави роденден во Париз

Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ веќе неколку недели уживаат на разни дестинации, а за нејзиниот 23 роденден кој ќе го прослави денес, се одлучија да го минат во Париз.

Александра со црна гардероба вешто го крие бремениот стомак. Александар ја фотографираше на мост, а на фотографијата напиша впечатлив коментар.

„Среќен роденден животу мој. Ти моето срце одамна го заклучи. Ти посакувам многу повеќе од тоа што со зборови можам да го опишам“, напиша Филип.

 

Текстот Александра Пријовиќ со Филип ќе слави роденден во Париз е превземен од Reporter.mk.