Мајката на српската пејачка Александра Пријовиќ, Борка Михајловиќ во емисијата „Викенд премиера“ раскажала за тешкото детство кое го имала нејзината ќерка. Борка раскажала дека Александра била малтретирана од другите деца, само затоа што имала желба да пее.
„Беше малтретирана од децата само затоа што сакаше да пее. Паднаа многу солзи. Сега сите кои некогаш збореа лошо за неа, сакаат да се се сликаат со мојата Александра. Да испијат чашка алкохол“, изјавила Борка во еден од прилозите во емисијата „Викенд премиера“.
Пријовиќ која била гостинка во емисијата, додека ја гледала својата мајка се расплакала.
„Тогаш бевме деца и не сакам да се навраќам на негативните работи. Ги обожавам моментите кога ќе се вратам во својот Бел Манастир и кога сите ќе ме пофалат и ќе ми кажат секоја чест. Јас сум многу горда на мојата мајка“, изјавила Пријовиќ.
„Мојата мајка се одрече од својата работа поради мене кога се натпреварував. Снимањата се случуваа за време на викенд, кога таа работеше. Мораше да даде отказ и се што имаа, последниот динар кој го имаа и таа и баба и дедо, го вложија за јас денеска бидам овде кај што сум. Се случувало неколку пати да немаме пари за да купиме фустан за мојот настап, но нашата фамилија беше тука за да помогне. Мене никогаш ништо не ми фалеше. Мојата мајка секогаш се бореше за мене“, изјавила Пријовиќ.
Текстот Александра Пријовиќ во детството била малтретирана и понижувана е превземен од Reporter.mk.