Александра Живојиновиќ ја врати совршената фигура за кратко време

Српската пејачка Александра Живојиновиќ се породи на 6. март оваа година и за три месеци успеа да ја врати старата форма. Александра вели дека и била потребна само воља.

„Јас се трудев да ослабам колку е можно повеќе. Имав желба кога се ќе заврши, да ја вратам старата дебелина. Успеав за три месеци“, вели Александра.

Пејачката се породи со царски рез, а бебето Александар кога се роди имаше 2800 грама. Александра има многу обврски околу синот, но вели дека е многу врзана за своето семејство.

„Кога не се покрај мене, секојдневно ги барам на телефон и се слушам по неколку пати во денот“, изјавила Александра за „ЗГ Специјал“.

 

Текстот Александра Живојиновиќ ја врати совршената фигура за кратко време е превземен од Reporter.mk.