Глумецот Ален Делон (83) пред три недели имал мозочен удар, пишуваат француските медиумите. Неговото семејство скоро цел месец криело од јавноста дека глумецот е опериран и дека сега закрепнува во една швајцарска болница.
Делон доживеал мозочен удар и благо крварење во мозокот. Веста за здравствената состојба ја на Делон ја потврдил неговиот син Ентони, кој за АФП рекол дека татко му добро закрепнува.
„Опериран е во Париз, па преместен на интензивна нега во Швајцарија. Со него сме сите, јас, мојот брат, сестра ми и мајка ми Натали“, рекол Ентони, кој и самиот е глумец.
Според Ентони, Ален во јуни посетил лекар поради постојани вртоглавици и главоболки, но тогаш немало никакви други предупредувачки симптоми дека може да доживее мозочниот удар. Неговите витални функции сега се добри и наскоро ќе биде пуштен дома.
Текстот Ален Делон имал мозочен удар е превземен од Reporter.mk.